Во Клубот на пратениците работната група ќе расправа за медиумите

0
208

Претставниците на четирите најголеми партии, на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА заедно со експертите на ЕУ денеска продолжуваат со работа во Клубот на пратениците, а за првпат ќе расправаат за медиумите.

Според договорот од Пржино медиумите се третата приоритетна тема. Денеска ќе се бараат решенија за Македонската радиотелевизија и законска регулатива за медиумите. Опозицијата бара рамноправна застапеност на сите политички субјекти, како на МРТВ така и на приватните телевизии.

Работната група треба да се договори за нови лица на раководните позиции во МРТВ, како и во советот на Агенцијата за медиуми.

Вчера претставниците на партиите потписници на договорот од Пржино не успеаја да се договорат околу формирањето на собраниска анкетна комисија за прислушувањето, која ќе треба да ја утврдува политичка одговорност за прислушувањето. ВМРО-ДПМНЕ предложи бројот на членовите да биде според бројот на пратеници, а за СДСМ ова е неприфатливо затоа што на тој начин власта ќе си обезбеди апсолутно мнозинство во оваа собраниска комисија.