Во Колумбија запленети осум тони кокаин

0
387

Силите за безбедност на Колумбија конфискуваа осум тони кокаин во северозападен регион на земјата, соопшти колумбиската армија, јави ДПА.

Претседателот Хуан Мануел Сантос напиша на Твитер дека тоа е најголемото количество запленета дрога во историјата на јужноамериканската држава.