Во конфликтот во Украина досега загинале над 9.300 луѓе

0
323

Над 9.300 луѓе се убиени и повеќе од 21.000 се ранти од почетокот на конфликтот во Украина во април 2014 година, соопштија ОН.

– Бројот на жртвите во конфликтот продолжува да се зголемува, изјави помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања Тае Брук Зерихун на седница на Советот за безбедност на ОН.

Според него, досега се регистрирани 9.333 жртви и 21.396 ранети.