Во Косово приведени 19 лицa кои подготвувале напади

0
263

Во Косово 19 лица се приведени затоа што подготвувале напади во земјата и во Албанија.

Тие  се приведени во Косово во последните неколку дена под сомневање за врски со „Исламска држава” и планирање на синхронизирани терористички напади во земјата и во соседна Албанија, соопшти косовската полиција.

При апсењата е запленето оружје, муниција, експлозиви и дрон. Осомничените добивале наредби од самопрогласениот за „командант на Албанците во Сирија и Ирак”.

Нивните планови вклучуваат напад врз фудбалската репрезентација на Израел и неговите навивачи за време на светските квалификации, кои се одржаа минатата сабота. Натпреварот требаше да се одигра во Скадар, но беше преместен од албанските власти на игралиште во друг град од безбедносни причини.

Се смета дека околу 300 косовски Албанци се приклучиле кон џихадисти во Сирија и најмалку 50 од нив загинале во борбите таму.

Во Косово во последниве години беа приведени повеќе од двесте осомничени членови на „Исламска држава”.

Без коментари

LEAVE A REPLY