Во Косовска Митровица не е пронајдена масовна гробница во близина на Ибарскиот...

Во Косовска Митровица не е пронајдена масовна гробница во близина на Ибарскиот мост

0 236

Во Косовска Митровица не е пронајдена масовна гробница на локацијата, која е пребарувана, во близина на главниот Ибарски мост.

На местото, каде некогаш беше џамијата, која е урната за време на конфликтот во Косово, немало остатоци од човечки тела, јави Танјуг.

Прекопувањето на локацијата со помош на багери, кое почна околу 11 часот е завршено кусо по 16 часот, но на местото за кое постоело сомневање дека се наоѓа масовнна гробница, немало остатоци од тела, кои би ги потврдиле тие сомневања.

Коментарите се затворени.