Во Крани на Преспанскиот брег

0
8825

Автокампот Крани на Преспанското Езеро е место кое ретко кој не го посетил. На времето важеше за одморалиште каде безгрижно и за малку пари се минуваа летните денови. Викендов бевме таму. Туристи имаше од цела Македонија, најмногу битолчани, кои велат дека се задовни од направеното, и им одговара на стандардот .

Во минатото беше една од најпосетуваните дестинации на оваа езеро. Песокот на тамошната плажа, дискотеката во Крани, беа нешто на што и денеска се присетуваме со носталгија. И тој камп како и многу други објекти во едно време беа оставени да пропаѓаат, но од пред неколку години и тука се врати сјајот на Преспа. Познатиот угостителски бренд „Капри“ овој автокамп заедно со плажата и останатите содржини ги ревитализираше, реновираше и го привлече вниманието на туристите.

-Секако дека беше голем ризик да се инвестира во простор кој што беше заборавен од институциитеа и самото локално население го имаше заборавено, но перспективите и видиците кои ги поставивме за ова простор , зборуваат дека има иднина. Потребно е да најдема мала поддршка од институциитре на државата и сум убеден дека Преспанскиот регион како што дава резултати ќе биде уште побитен на ниво на цела држава. Гледано од таа шперспектива кога тргнав во 2014 година бев убеден дека Крани е бисерот на Преспанскиот регион, располага со прекрасна природа , со организациска целина која што на нивно на поранешна Југославија беше посетена со неколку илјади туристи, изјави Никола Трпеновски, сопственик на Автокамп „Крани“

Во склоп на автокампот „Крани“, има ресторан и летна тераса

Трпеновски е среќен што од година во година туризмот станува се подобар во Преспанскиот крај, но апелира до надлежните

-Апелирам до институциите започнатиот проект 2000 метри плажа  Преспанско Езеро што поскоро да заврши бидејќи мислам дека ние сме следни за правење на плажите после Сливница и Стење, додаде Трпеновски

Ако не сте ги направиле плановите за летовање и ако сакате да избегате од жешкиот асфалт и од гужвите низ градот нека ваша следна дестинација каде ќе ги полните батериите летово биде токму летувалиштето Крани.

Без коментари