Во Крушево одбележани осум години од смртта на Тоше Проески

0
542

Петнаесет млади фанови, кои го истрчаа почесниот маратон,  напладне му оддадоа почит, се поклонија на гробот на Тоше Проески, најголемата македонска поп икона, на 8 годишнината од негова смрт.

„Овој ултрамаратон го трчаме 78 часа за денеска неколку минути да му оддадеме почит на нашиот Тоше Проески“, изјави Наум Капричовски, еден од учесниците во маратонот.
Во чест присет на големото музичко и хумано дело на Тоше, во Спомен куќата „Тоше Проески“, отворена е изложба на негови портрети, чиј автор е Александар Поповски.
„Целта беше да насликам слики кои што досега не се објавени, да бидат 10 слики од неговиот живот, од почетокот на неговото детство до последниот концерт, т.е. крајот на неговата кариера. Дел од сликите ќе бидат подарени на спомен куќата“, изјави Поповски.
Наскоро во Спомен куќата ќе биде поставена и нова поставка со лични предмети на Тоше Проески.
„Тоа по повод  роденденот на Тоше, значи околу 25-ти јануари. Нова поставка, нови предмети во актуелните поставки, постоечките поставки со нови “, најави Нада Талеска, кустос во спомен куќата „Тоше Проески“ – Крушево.
Спомен куќата е најпосетуван македонски музеј, велат кустосите од Крушево од отворањето до денеска ја посетиле околу 800.000 фанови од сите страни на светот.

Без коментари

LEAVE A REPLY