Во Куба кренато американското знаме

0
250

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Хавана, каде претседава на церемонија на кревање на знамето на САД во американската амбасада, повторно отворена  во потег на потврдување на поблиските односи на двете држави по прекин од 54-годишен прекин.

Зборувајќи на церемонијата Кери кажа „ова е пригода за паметење, ден кога се туркаат настрана  старите бариери  и се истражуваат нови можности“.

Забележувајќи дека тој е првиот државен секретар  на САД во Куба од 1945, Кери кажа дека „се чувствува како дома во нашата амбасада  овде во Куба“. Тој кажа дека церемонијата од петокот е резултат на „храбра“ одлука донесена минатата година од претседателот Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро за обновување на дипломатските  односи прекинати во екот на Студената војна.