Во ладилникот на смртта имало и четири деца!

0
198

Седум лица се уапсени во Унгарија поради сомнение дека се вмешани во смртта на 71 бегалец во камион со ладилник на австрискиот авто пат. Апсењето е извршено во соработка со австриската полиција, додека според пишувањетонна „Кронен цајтубг“ , водачот на криумчарската банда избегал во Романија.

Меѓу настраданите се и четири деца-три дечиња на возраст од 3,8 и 10 години и едно и пол годишно девојченце.

Според резултатите на истрагата, ладилникот од 7,5 тони во рани утрински часови во средата тргнал од Будимпешта, а околу девет часот пред пладне бил на унгарско-австриската граница, која ја преминале дури во текот на ноќта. Во четвртокот наутро, помеѓу пет и шест часот, камионот е оставен на лентата за запирање на автопатот А4 кај австриското место Парндорф.

Во камионот, кој криумчарите го употребувале за префрлување на илегалци, кој е контролиран после подолго стоење во лентата за запирање кај автопатот во близина на местото Парндорф, се пронајдени 71 тело. Камионот во четвртокот е оставен на лентата на автопатот А4.