Во летните месеци се очекува повторно воведување на евтина тарифа за струја

0
560

Во летните месеци се очекува повторно воведување на евтина тарифа за струја, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања.

Наскоро треба да се утврдат и законските текстови на кој начин ќе се воведе евтината тарифа што ќе се однесува за населението.

Преговарано е со Европската енергетска заедница, за либерализација на продажбата на струјата, вели Анѓушев.