Во Либан убиен челник на IS

0
294

Либанските сили убиле во четврток еден од челниците на екстремната сунитска групација Исламска држава (IS), во воена операција во планинскиот регион на границата со Сирија, соопшти иранската Национална новинска агенција и безбедносен извор.

Убиениот маж е идентификуван како Наџиф ал-Шаалах, челник на Исламската држава за таа област, рекол изворот на Reuters. Државните медиуми наведуваат дека убиениот бил познат и како Абу Фавз.

Операцијата е спроведена во областа Арсал во северен Либан.

Судирите меѓу припадниците на Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, често се прелеваат од Сирија на либанската планинска северна граница./крај/мф/сн