Во Либија киднапиран уште еден српски државјанин

0
312

Српскиот државјанин Мирослав Томиќ во саботата бил киднапиран во Либија, а од српското министерство за надворешни работи изјавиле дека се во постојан контакт со либиските власти, пренесуваат српските медиуми.

Од српското МНР ја потврдиле оваа информација за весникот „Вечерње новости, истакнувајќи дека прават се за оваа состојба што поскоро да се реши и српскиот државјанин да биде пуштен да слободен.

Како што дознава белградскиот весник, 36-годишниот Томиќ, кој работи на нафтените полиња одалечени 1.200 километри од главниот град Триполи, бил киднапиран кај нафтената станица „Месина оилфилд“, која е во сопственост на компанијата „Арабиан голд олив компани“. Инаку, станицата не се наоѓа во зоната на судирите, поради што се претпоставува дека киднапирањето било извршено од страна на локална криминална група. Потрагата по киднапираниот Србин започнала веднаш по неговото исчезнување.

Според неофицијалните информации, Томиќ бил најверојатно киднапиран додека бил во обиколка на нафтената станица. Тој во Либија бил вработен во компанијата „Феростал“, која се занимава со одржување на нафтени цевки и постројки. Како и сите останати вработени, и Томиќ имал гаранции од компанијата дека ќе биде безбеден, поради тоа што околу нафтените полиња има обезбедување.