Во Либија убиен холандски новинар

0
234

Холандскиот новинар Јерун Урлеманс бил убиен вчера во Либија додека известувал од борбите меѓу силите на владата на национално единство и екстремистичката Исламска држава во Сирт на 450 километри источно од Триполи. Либиската влада на национално единство во мај годинава покрена офанзива за да го преземе Сирт, последното упориште на џихадистите во таа земја. Операцијата во Сирт е со поддршка на американската воена авијација.