Во Липковско мирно и без инциденти

0
379

Ситуацијата во липковскиот регион, селата Ваксинце и Лојане синоќа беше мирна и немаше никакви инциденти или вооружени и терористички групи на теренот и покрај ваквите шпекулации во дел од медиумите.

Забележливо беше единствено зголемено присуство на контролни полициски пунктови. Населението до доцна вечерта беше излезено по локалите и чајџилниците. Локалните жители потврдуваат дека полицијата редовно врши контроли во регионот, во потрага по мигрантите кои се обидуваат да влезат на територијата на Србија.

Од МВР соопштија дека полициската операција во липковскиот крај и Арачиново завршила, додавајќи дека повеќе детали ќе соопштат на прес-конференциј во текот на денот.

Без коментари

LEAVE A REPLY