Во Македонија има над 8.000 активни фирми со нула вработени

0
599

Од 71.519 активни компании во Македонија, 8.057 се без вработени односно само со управител, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2016 година.
Бројот на фирмите со нула вработени во последните години постојано се зголемува, во 2015 година имало 7.329 такви фирми, додека пак во 2014 година тој број бил двапати помал од 2016 и изнесувал 3.972 фирми.
Иако најголем дел од фирмите со ниту еден вработен се мали фирми, меѓу нив има и компании што, и покрај тоа што немаат вработени, остваруваат големи приходи и профити. Најголем број фирми што немаат ниту еден вработен се во секторот трговија на мало и големо и услужните дејности.

Податоците од ДЗС за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество, од 79,3 отсто, имаат деловните субјекти со 1-9 вработени, а потоа следуваат деловните субјекти без вработени, со 11,3 отсто.

Познавачите на прилика велат дека некои од нив се основаат само за да искористат некакви поволности, особено во системот на јавни набавки, исто така дека ако законските прописи го дозволуваат постоењето на овие компании, тогаш тие се легални и легално работат, додека други велат дека позагрижувачко е што расте бројот на овие фирми, додавајќи дека законот дозволува фирмите да имаат управител, но не и вработени.