Во Македонија лидерите треба да почнат отворен дијалог и да создадат услови за веродостојни избори

0
419

Политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и договорот од Пржино треба целосно да се примени, изјави денеска Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ.

Во Луксембург заврши состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија на кој се разговарало и за Македонија.

„Пораката за БЈРМ од емјите членки е многу јасна – политичкото лидерство на земјата треба да се заложи за отворен дијалог, за примена на договорот од Пржино од 2015 година, создавање услови за веродостојни избори, спроведување на итните реформски приоритети, владеење на правото и поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство“, рече Могерини.