Во Македонија медиумите и судството се под силен притисок на новата власт

0
702

Никола Груевски како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред своите колеги од Европската народна партија посочил дека ЕУ и ќе треба многу внимателно да ги следи процесите кои се одвиваат во Република Македонија бидејќи настанало загушување на медиумите по доаѓањето на новата власт, а се прават и големи притисоци врз правосудството.

Тој како што соопштија од пратијата, во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел, на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, а потоа и на Самитот на Европската народна Партија (ЕПП) ја пренел својата загриженост.

– Денот го започнав со средба со шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини и на таа средба се задржав на две работи. Најпрво, на потребата што поитно Република Македонија да биде интегрирана во ЕУ, а се разбира и во НАТО и на потребата да се внимава за понатамошните случувања и процеси во Македонија. Тука имам предвид што се се случува со медиумскиот сектор во Македонија по доаѓањето на новата власт. Загушувањето и притисоците врз медиумите, особено врз сопственицита на медиуми, вклучително и притисоците на Специјалното јавно обвинителство и на намерите на новата власт за партизација на судството. Преку плаштот на нови реформи во судството, практично се има намера за партизирање и целосна контрола врз судскиот систем во Република Македонија – изјави Груевски.

Загриженоста на Груевски доаѓа откако Советот на обвинители ја прифати иницијативата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски поради неговиот пристрасен и непрофесионален однос во случаите поврзани со поранешната влада.

faktor.mk