Во Македонија нема да се реализираат туѓи платформи

0
268

Граѓаните на Македонија не се должни да бидат дел од валканите игри на раководство на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството на СДСМ е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и исполни уцените. Затоа се обидоа да извршат пуч во Собранието на Република Македонија преку кршење на Деловникот и Уставот со цел да се замолчат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за точките од тиранската платформа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.