Во Македонија пристигнува контингент американски војници

0
510

На граничниот премин Деве Баир во Македонија ќе пристигне контингент на Вооружените сили на САД кој ќе учествува на вежбата „Dragoon Guardian 17“ во Криволак со припадници на Армијата на Република Македонија. По тој повод во Куманово ќе се одржи пригодна свеченост на која ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На заедничката воена ќе учествуваат 300 припадници на американската армија и 95 припадници на АРМ. Вежбата ќе трае до 10 август.

Без коментари