Во Македонија се апсат припадници на ИСИС, голема антитерористичка акција на МВР

0
3380

Големаta антитерористичка акција на македонската полиција на повеќе локации во земјава, почна рано утрово во 3.30 часот. Акцијата е насочена против лица што учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации. Дел од уапсените се и директни учесници на боиштата во Сирија и Ирак.

Полицијата вршела претреси и апсења во Скопје, Струга, Куманово, Гостивар и други локации. Уапсени се неколку лица. Граѓани на Куманово потврдувааат дека од утрово се слушаат пукотници и надлетување на хеликоптери. Засега нема информации за жртви.

mvr-oklopnovozilo

Во Скопје акцијата се одвиваше во скопските населби Гази Баба, Дижонска и Серава. Полицијата извршила претрес и во придружните објекти на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, за кои од ИВЗ добила информации дека не се контролирани од таа верска институција.

Според првичните информации, во акцијата е приведен имамот на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, Реџеп Мемиши.

Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден, по завршувањето на акцијата.

Извор www.mkd.mk