Во Македонија сè уште не се оградува границата кон Грција

0
217

Во тек се само подготовките за евентуалната потреба за поставување ограда на одредени места на јужната граница на Македонија. А тоа подразбира само планирање за тоа каде на теренот би требало да се постави жичена ограда, изјави за МКД.мк порпаролот на АРМ, потполковник Тони Јаневски.

Во Гевгелија, околу прифатниот центар за бегалците во тек е расчистување на теренот и подгтовки за поголем паркинг, ама тие активности не се поврзани со решението на Советот за безбедност на Македонија за спремност за поставување жичена ограда, ако се процени дека за тоа има потреба. Тоа би можело да се случи ако повеќето земји на балканската рута за бегалците решат да ја затворат границата за бегалците и мигрантите или да го намалат протокот.

Информациите од теренот велат дека српските власти на преминот кај Табановце веќе почнале со засилени контроли на границата и ги пропуштаат само бегалците од земјите каде што има воени жаришта, но не и економските мигранти.

И Словенија најавува дека веќе нема да прима лица кои не потекнуваат од конфликтните подрачја, што значи дека ќе ги враќа економските мигранти.