Во Македонија заглавени 1.500 мигранти

0
451

Околу 1.500 мигранти и бегалци од Сирија, Иран и Авганистан се заглавени во и околу транзитниот центар „Табановце“. Нивната судбина е неизвесна по одлуката на земјите од балканската рута да ги затворат своите граници. Горе кон Србија – не може, во Македонија не им се останува, да се вратат кон Грција – не сакаат да слушнат.

Мигрантите се жалат на слабата исхрана и студените ноќи, но, сепак, нивниот очај е многу помал за разлика од оние во меѓуграничниот простор. Нервозата расте, неколкумина од Авганистанците се обидуваат да ја скршат тендата на која се дели овошје. Други ги опоменуваат, за малку ќе дојде до тепачка. Трети ги користат дупките околу кампот и излегуваат на прошетка низ селото.

За вчеравечер беше закажан состанок на Координативното тело за справување со кризите, на кое, меѓу другото требаше да се расправа и за судбината на заглавените мигранти во Табановце. Извори оттаму брифираа дека во очекување на дополнителни инструкции од европските партнери, мигрантите остануваат на наша територија.

„Македонија веќе неколкупати се изјасни дека има капацитет да се справи со максимум две илјади мигранти“, информираат нашите соговорници.

Без коментари

LEAVE A REPLY