Во Македонски Брод потписи за независни листи советници собираа дури 12 носители

0
237

Од општинските изборни комисии од утрово се собираат информациите и во текот на денот ќе биде познато колку од пријавените независни кандидати за градоначалници и советнички листи ги собрале потребните потписи, велат од Државната изборна комисија (ДИК).

Во изминатиов период, потписи се собираа за 27 кандидати за градоначалници и 48 советнички листи пријавени во некоја од 80-те општини во Македонија. Рокот за собирање потписи и нивно доставување до ДИК заврши синоќа на полноќ.

Рокот, пак, за поднесување на кандидатури истекува на 14 септември и за независните и за кандидатите кои ќе бидат поддржани од политичка партија. Оние кои собирале потписи за независни, до тогаш можат да се премислат и да бидат кандидати од некоја политичка партија.

Интересен случај, како и при секои локални избори, е оној во Македонски Брод каде потписи за независни листи советници собираа дури 12 носители.

http://plusinfo.mk

Без коментари