Во Мексико толпа демонстранти уби градоначалник

0
300

Челникот на администрацијата на индијанскиот град Сан Мигел Чамула, во мексиканската сојузна држава Чиапас, бил убиен во саботата од разгневените сограѓани кои барале финансиски отчет за работењето на општината.

Според изданието El Financiero, градоначалникот Доминог Лопез Гонзалес имал деловна средба, кога во зградата на градскиот совет влегла голема група граѓани. Тие барале да ги распредели 100-те милиони пезоси (околу 5,4 милиони долари), претходно доделени на градот, за поддршка на локалните занаетчии, како и да обезбеди средства за јавните работи.

Обезбедувањето на градоначалникот се обидело да ја растера толпата, но разгневените луѓе извадиле пиштоли и го застрелале градоначалникот и уште еден човек од општинската администрација. Животите ги загубиле уште три лица, а други 12 други биле повредени.

Потоа учесниците на протестите подигнале барикади на приодите од градот барајќи од властите на државата Чиапас отчет за искористените средства во општината.

Но наскоро ентузијазмот на организаторите на протестот спласнал и тие се разотишле по своите домови, а ситуацијата под контрола ја ставила локалната полиција. Властите веднаш отвориле истрага за двете убиства, но имаат тешкотии при идентификувањето на лицата кои отвориле оган./крај/мф/сн