Во Минхен постигнат договор за Сирија

0
386

Светските сили постигнаа договор за прекин на конфликтот во Сирија, кој би требало да стапи во сила во рок од една недела, пишува Ројтерс.

Договорено е постепено прекинување на непријателствата и брза испорака на хуманитарна помош, со цел да се создадат услови за заживување на мировните преговори, објави британската агенција.

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој учествуваше на состанокот во Минхен, рече дека е постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во рок од една недела, според АФП.

Како што е наведено, договорот нема да се однесува на Исламска држава, Форнотот Ал Нусра и другите терористички групи.