Во МНР одбележување 71 година од Обединетите нации

0
188

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе биде одбележана 71-та годишнина на Обединетите нации.

По тој повод обраќање ќе имаат заменик претседателот на Владата на РМ и министер за надворешни работи Никола Попоски и постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија, Луиза Винтон.

Како што информираат од МНР, во оваа пригода ќе биде потпишана новата петгодишна стратегија на Обединетите нации за 2016-2020, „Партнерство за одржлив развој”.