Во Могила отворен едукативен центар

0
1302

За децата полесно и подобро да го прифатат школскиот живот се отвори едукативен центар за ран развој на децата од предучилишна вораст во Општина Могила, со цел згрижување и воспитание на децата од руралните средини. Овој свечен настан е и во рамки на патрониот празник на ОУ Гоце Делчев.

– Денеска е голем ден за нашата општина претежно за населеното место Могила, затоа што долгоочекуваниот центар за ран детски развој, денеска свечено го отвараме, морам да се заблагодарам на луѓето кои што помогнаја да изгледа овај центар вака. Ова е една инвестиција која што многу значи за најмалите дечиња затоа што првите пет години се најважни на свет и одма се гледа разликата, изјави Стефо Пивковски Градоначалник на Општина Могила

Иако едукативниот центар е за деца од предшколска возраст тоа подоцна ќе се одрази во нивната работа бидејќи секоја форма на организираност позитивно се одразува во нивниот развој, вели директорката Лилјана Костовска. Инаку покрај отварањето на центарот се организирани и низа други активности.

– Во центарот може да бидат згрижени околу триесеттина дечиња и мислиме дека за прво време тоа ги задоволува потребите, и покрај пуштањето во употреба на центарот имаме и свечена приредба во која ќе бидат опфатени сите ученици а има и изложба која може да ја погледнат родителитете, од проектот за општествена корисна работа која се организираше со ликовниот уметник Николче Српчански во кој учествуваја наши деца, а проектот траеше шест месеци а сега го завршуваме со една мини изложба, изјави, Лилјана Костовска, директор на ОУ Гоце Делчев

Која е програмата со која ќе се работи во овој центар ?

– Работиме по стандардите за ран детски развој од Министерството за труд и социјална политика, работиме во петте домени како што се физичко здравје и моторен развој,социоемоционален развој, когнитивен развој, развој на говорот, развој на писменост и и пристап кон учење, изјави Симона Чагорска едукатор
Таа додава дека домашното воспитаие е исто толку битно, колку и воспитувањето во еден ваков центар.

Инаку Градоначалникот Пивковски најави и отварање на два нови центри во Добрушево и Ивањевци.