Во Молдавија уапсени 13 луѓе поради сомнеж дека планирале напади

0
277

Молдавската полиција денеска соопшти дека уапсила 13 луѓе под сомнеж дека припаѓаат на паравоена група, која планирала напад на Кишињев и град во северниот дел од земјата, каде живеат главно Руси, со цел да се создаде сепаратистичка република по примерот на источна Украина.

Полицијата наведува дека групата планирала напад врз државните институции во Кишињев и во градот Балта.

Шефот на полицијата истакна дека е планиран напад на затворот во Балта и ослободување на затворениците, кои би биле регрутирани за напади на приватни компании и домови на државни претставници.

Осуммина уапсени денеска се обвинети дека биле членови на паравоената група, а нивниот лидер, по потекло од источниот дел на Украина, веќе имал полициско досие.