Во моментов Црна не е опасна

0
587

-Со надојдената вода во Река Црна сега засега немаме проблем. Ситуацијата ја контролира Кризниот штаб, има мало зголемување на нивото на водата во коритот за околу 70 до 80 сантиметри, кое не е многу. Ја контролираме и Елешка Река и од неа нема некои опасности, иако информациите со кои што располагаме говорат дека во текот на ноќта а и денеска на некои места има наврнато 70 литри дожд на метар квадратен а на некои места 50 литри дожд на метар квадратен. Денес одржавме и вонредна седница на кој што донесовме одлука да им помогнема на настраданите од поплавите во Скопје и ќе одвоиме 200 илјади денари, а исто така се отворени пунктови во некои села од општината каде што граѓаните донираат вода за пиење, хигиенски средства, конзервирана храна итн, изјави Лазар Котевски градоначалник на Новаци