Во Москва отворена една од најголемите џамии во Европа

0
263

Илјадници муслимани се собраа денеска во центарот на Москва за да сведочат на отворањето на една од најголемите џамии во Европа. На свеченоста присуствуваа и рускиот претседател Владимир Путин, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Џамијата беше официјално отворена од рускиот претседател и рускиот голем муфтија Равил Гајнутдинов.

Московската соборна џамија била изградена уште во 1904 година. Од 2011 година зградата доживеа целосна реконструкција. Комплексот сега е за 20 пати поголем и има повеќе од 19.000 квадратни метри, а собира најмалку 10.000 верници. Шесткатниот храм има седум лифта. Главната купола е висока 46 метри и има 27 метри во дијаметар.