Во налет на торнадо во Кина загинале 78 лица

0
311
Најмалку 78 лица загинаа, а 500 се повредени во силно торнадо и бура кои го зафатија источното предградие на кинескиот град Јанченг, оштетувајќи згради, корнејќи дрвја и превртувајќи возила.
Торнадото го погоди густо населеното подрачје во близина на Јанченг во провинцијата Џангсу, околу 800 километри јужно од Пекинг.
Меѓу повредените, 200 се наоѓаат во критична состојба.