Во напад на туниски воен автобус најмалку 12 убиени

0
372

Најмалку дванаесет лица се убиени во вторникот кога е фрлен експлозив врз автобус кој превезувал припадници на туниската претседателска гарда низ центарот на главниот град.

 

Полицијата и портпаролот на претседателот Моез Синауи изјавија дека станува збор за напад, и додаваат дека не е јасно дали врз автобусот кој минувал по авенијата „Мухамед Петти“ била фрлена бомба или експлозив.

Според безбедносни извори, пак, нападот најверојатно го извел бомбаш самоубиец кој го детонирал експлозивот во автобусот.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за овој напад.

На местото од експлозијата кое е целосно блокирано, упатени се голен број санитетски возила, јавуваат агенциите.

Експлозијата се случи во период откако пред десетина дена властите на Тунис ја подигнаа подготвеноста на безбедносни сили и распоредија големи единици во главниот град.

Годинава во Тунис се случија два големи терористички напада, кои го погодија туризмот на земјата која е една од најважните гранки на тамошната економија.

Во јуни вооружен маж уби 38 туристи во летувалиштето Сус, а претходно во март годинава група напаѓачи во музејот „Бардо“ во центарот на главниот град Тунис убија 21 турист. И за двата напада одговорноста ја презема Исламската држава./крај/мф/сн