Во нападите во Душанбе убиени 33 полицајци и војници

0
272

Во текот на нападите во главниот град Душанбе, биле убиени 33 припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана на Таџикистан, како и 9 војници од групата на поранешниот земник министер за одбрана обвинет претходно за тероризам, изјавија во петокот вечерта извори од одбраната на оваа централноазиска земја.

Претходно таџикистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека во двата вооружени напада во градовите Душанбе и Вахдат, загинале 17 војници. Според сознанијата, нападите ги организирал поранешниот министер за одбрана Абдулахим Назарзода, кој беше сменет во петокот од претседателот Еномали Рахмон со образложение „поради извршени злосторства.

Нападите се случиле при одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на Националната гарда на Таџикистан.

Таџикистанските власти сметаат дека Наразрода и 135 воени командоси се лоцирани во градот Ромитската клисура, 45 километри источно од Душанбе. Оваа област беше упориште во текот на судирите во земјата.

Назарзода во годините на граѓанската војна во Таџикистан командувал со вооружената опозиција, и потоа во рамките на реинтеграцијата по склучувањето на мировниот договор од мај 1997 година, станал функционер во вооружените сили на земјата, според договорот по кој 30 отсто од припадниците на Обединетата таџикистанска опозиција влегоа во безбедносните структури на земјата. Во 2014 година бил унапреден во чин генерал-мајор и именуван за заменик министер за одбрана.

„Истовремено поранешниот командант на опозицијата сиве овие години бил притаен и го чекал моментот да изврши антивладини дејствија за да ја дестабилизира ситуацијата“ , рекле за ТАСС неименувани таџикистански безбедносни извори.

За време на операцијата на специјалните сили на Таџикистан, во родното место на Назарзода и во земјоделската фарма која му припаѓала во Вахдатскиот округ, било откриено големо количество оружје и муниција./крај/мф/сн