Во наредните денови пороен дожд во Македонија

0
176

Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Денес врнежите ќе бидат послаби и повеќе застапени во западните и северните делови, а ќе се интензивираат во втората половина на ноќва.

Во овие денови на повеќе места врнежите ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во четврток и петок на повисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а од недела и опаѓање на температурата.