Во настаните во Бутел повредени четворица полицајци

0
566

Министерот Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот кој беше повреден во синоќешните настани во општина Бутел и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување, соопшти МВР.

Во синоќешните настани беа повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.