Во некои аптеки го има во некои не

0
1204

Откако се донесе законот со кој се легализираше употребата на медикаменти од канабис, од вчера маслото од канабис почна да се продава во македонските аптеки.Во аптеките низ Битола во некои го има во некои не. На сите оние на кои им е потребно , маслото може да го купат без рецепт од доктор .

Цената на маслото во битолските аптеки  е 2789 за возрасни со 7   процентно  и 2.449 денари за деца до 14 години кое е  5 процентно. Овие видови на масло од канабис се  без психотропно дејство

Освен за намалување на болките какохронична болка кај болни од малигни болести, мултиплекс склероза и од епилепсија , маслото од канабис може да се користи и за подобрување на имунитетот.

-Станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора и, генерално, може да помогне за подобрување на имунолошкиот систем кај човекот, стои на Фејсбук страницата на Министерството за здравство.

Маслото ќе го продаваат сите аптеки кои го побарале овој производ, а најдоцна до крајот на месецов, на аптекарските рафтови треба да се најде и маслото со психотропно дејство. Но, ќе се издава исклучително на лекарски рецепт.