Во невремето на Азурниот брег 13 мртви

0
242

Тринаесет лица ги загубија животите во поплавите кои следеа по големото невреме кое во саботата вечерта го зафати Азурниот брег, на југоистокот од Франција, соопштија во неделата локалните власти.

Пороите ги преплавија улиците на Кан и на Ница, а податоците за настраданите се менуваа од час во час, а на крајот се пронајдени 13 безживотни тела во департманот Алпи-Маритимес, во француската покраина Прованса-Алпи-Азурен брег.

Спасувачките екипи имаат големи тешкотии при пристапот во зоните во кои има настрадани, што укажува на тоа дека бројките за жртвите сé уште не се конечни.

Францускиот претседател Франсоа Иланд ја истакна „солидарноста на нацијата“ и им упати сочувство на семејствата на жртвите. Премиерот Мануел Валс, кој е во посета на Јапонија, ја искажа „длабоката тага поради страшните последици од невремето и поддршката за семејствата на загинатите“. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, пак, во неделата претпладнето треба да допатува во погодените подрачја./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY