Во Нов Зеланд евакуација на блокираното население

0
353

Военовоздушните сили на Нов Зеланд почнаа денеска да евакуираат луѓе блокирани на Јужниот Остров од местата каде има лизгање на земјиште по земјотресот со интензитет од 7,5 степени.

Две лица загинаа во земјотресот што беше регистриран во неделата и во кој беше направена голема материјална штета на патишта и железнички пруги во градот Каикоура на Јужниот Остров.

Четири хеликоптери веќе почнале да евакуираат жители од градот во кој нема електрична енергија и има залихи на вода за само три дена. Брод на новозеландските ВМС утре ќе достави во градот вода и храна и ќе евакуира луѓе.