Во Њујорк уапсен возач од косовскиот конзулат

0
473

Возач од косовскиот конзулат во Њујорк, Алберт Велија е уапсен заедно со уште седум лица при обид да продаде „калашникови“ на мексикански мафијаши, јавуваат американските медиуми.

Според нив, Велија е близок соработник на неколку функционери на Демократската партија на Косово.

Велија е уапсен откако Федералното истражно биро (ФБИ) ги следело неговите движења, кога тој со мексиканските мафијаши договарал продажба на 15 автоматски пушки АК-47 и рачни минофрлачи.