Во обид да ја заобиколи рампата се судрил со воз

0
4658

Во 12:55 на железничкиот премин кај Светонеделските гробишта во обид да премине, ги заобиколил рампите и се судрил со патничкиот воз кој во тој момент врвел тука.

воз 1

Како што рекоа од СВР Битола, рампите на овој премин во моментот биле спуштени, а возачот на патничкото моторно возило марка Тојота со битолски регистарски таблички со заобиколување сакал да премине преку железничката линија, при што се судрил со возот, а потоа завршил во носачот на рампата.

воз 2

Причинета е материјална штета, а нема повредени, информираат од битолската полиција.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY