Во Охрид научна конференција „Науката и уметноста“

0
189
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Научното друштво од Берлин „Лајбниц“ денеска и утре во Охрид ќе се одржи научна конференција насловена „Науката и уметноста 2“.

Воведна обраќања на собирот ќе имаат претседателот на МАНУ Владо Камбовски и Армин Јене потпретседател на Научното друштво „Лајбниц“.

На конференцијата ќе бидат презентирани научни трудови од областа на уметностите, правните, економските и природните науки.