Во падот на авионот во Британија наводно загинале роднини на Бин Ладен

0
357

Во приватниот авион од типот „Phenom 300“ кој во петокот се урна во јужна Англија загинале четири лица, потврди полицијата во грофовијата Хемпшир, а саудиските и британските медиуми пренесуваат дека патниците биле роднини на убиениот челник на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Без наведување на идентитетот на жртвите, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф ал Сауд изрази на Twitter сочувство до семејството Бин Ладен, влијателен и финансиски моќен саудиски клан.

„Неговото кралско величество, амбасадорот и принцот Мохамед бин Наваф бин Абдул Азиз упатува изрази на сочувство на синовите на починатиот Мохамед бин Ладен и на неговото семејство поради падот на авионот со членови на семејството на аеродромот во Блекбуш“, напиша амбасадорот.

Весникот кој е во саудиска сопственост, al-Hayat, објави повикувајќи се на саудиските власти, дека авионот „Embraer Phenom 300“ со тројца патници и пилот се урнал во обидот да слета на аеродромот во Блекбуш.

Според британските медиуми, во авионот биле роднини на Осама бин Ладен кого американските маринци го ликвидираа во мај 2011 година во Пакситан.

Авионот бил регистриран во Саудиска Арабија и во Англија долетал од Милано, Полицијата во Хемпшир покрена истрага за причините за несреќата./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY