Во падот на воениот авион во Индонезија засега 142 мртви

0
183

Бројот на загинатите во падот на воениот транспортер од типот „Hercules C-130″ кој се урна во вторникот врз станбена област во северниот дел на островот Суматра, во градот Медан се искачи на 142 во средата, а продолжува потрагата по другите жртви меѓу урнатините.

Авионот воениот „Hercules C-130″ стар 51 година, пренесувал вкупно 122 лица, од кои 12 членови на екипажот, со што се коригирани претходните податоци дека во несреќата животите ги загубиле сите 101 патник.
Четиримоторниот воен транспортен авион до типот„Hercules C-130″, кој го произведува американскиот воздухопловен концерн „Lockheed” се урна во југозападниот дел на главниот град на индонезиската покраина Северна Суматра, околу две минути по полетувањето од воздухопловната база „Сувондо”, прелетувајќи само околу пет километри. Пилотите наводно откриле проблем и сакале да се вратат во базата. Авионот направил свртување на околу пет километри од базата, по што се урнал во новоизградената станбена зона на Медан, град со околу два милиона жители и трет по големина град во Индонезија.
Според последните информации на локалните медиуми, во градската болница „Адам Малик” се донесени останките на 142 жртви. Повеќето од нив не се идентификувани, а познато е дека покрај војниците во авионот имало и членови на нивните семејства. „Повеќето од жртвите се здобиле со силни изгореници.”, изјави во средата началникот на полицијата на покраината Северна Суматра, Хади Судјеџо. Засега не е точно утврдени колку жртви точно имало на земјата.
Медиумските извештаи говорот дека авионот е целосно уништен откако закачил во покривот од хотелот „Golden Eleven”, чиишто вработени тврдат дека експлодирал над зградата на хотелот, и врз салон за масажа, а во урнатините се препознаваат само крилата на леталото. /крај/мф/сн