Во Париз самит на земјите од Западен Балкан

0
184

Претставници на земјите од Западен Балкан денеска во Париз ќе одржат собир со цел приближување на регионот кон Европската унија. На собирот покрај домаќинот Франција ќе учествуваат и премиерите на Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија, Србија, Австрија, Италија и Германија, како и претставници на Европската комисија. Пред самитот, германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека цел на собирот е на практичен начин да се интензивираат стабилноста и мирот во регионот. Официјален Париз соопшти дека на собирот ќе се разговара за изградбата на транспорнта и енергетска инфраструктура, како и за програмите за младите во регионот.