Во посета на ТППЕ во Битола

0
596

-Денес сме во посета на противпожарната единица во Битола и она што го видовме овде може да се нарече со два збора: срамно и жалосно. Катастрофални услови, катастрофална опрема и катастрофални материјалино технички средства. Ние сме спремни и се обврзуваме дека ќе работиме на подобрување на условите во противпожарната единица во Битола и Битола да добие она што навистина му треба, современа противпожарна единица. Ветуваме дека ќе ја пренамениме една зграда во касарната која што ќе може да ја користат противпожарната единица. Ветуваме дека ќе го зголемиме бројот на пожарникари во противпожарната единица согласно европските стандарди. Ветуваме дека ќе ги подобриме материјално техничките средства и дека ќе овозможиме Битола да има современа противпожарна единица. Граѓаните на Битола го заслужуваат тоа и луѓето кои работат овде заслужуваат да имаат подобри услови а со тоа граѓаните заслужуваат и треба да имаат вистински сервис како општина кој треба да го подобруваме, изјави Валентин Груевски, носител на листа на СДСМ и коалицијата.

Без коментари