Во последен момент спречен терористички напад во Антверпен

0
657

Денес во белгискиот град Антверпен беше уапсен човек кој со автомобил се обидел да влета во голема група пешаци кои се движеле во главната трговска улица Мејр. Автомобилот бил со француска регистрација.

“Автомобилот се движеше со голема брзина по улицата Мејр и луѓето мораа да бегаат”, изјави шефот на полицијата на Антверпен. Според овој функционер човекот бил со северно-африканско потекло и носел маска на главата.

Автомобилот бил забележан од војниците кои се движат по белгиските улици откако по нападите во Париз од 13 ноември 2016 година и 22 март 2016 година во Белгија е на сила трет степен на тревога. Возачот минал на црвено светло и се упатил кон пешаците со авотомобилот.