Во Повардарската епархија тарифник за сликање и снимање

0
517

Фото студијата што се занимаваат со фотографирање на венчавки, веридби, крштевки… повикуваат на бојкот на црквите од Повардарската епархија, а владиката Агатангел им одговара дека ќе распише тендер за тоа кој ќе има право да фотографира по црквите.

Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање – 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата. Тоа веќе се спроведува во Велес… Сите фото студија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех. Еден од сопствениците на фото студијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“.

линк