Во пожар на нафтена плаформа во Каспиското Море загинаа 32 лица

0
355

На платформа за извлекување нафта од дното на Каспиското Море во Азербејџан загинаа 32 лица, пренесува британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на извор од азербејџанскиот Синдикат на работници во нафтениот сектор.

Претседателот на Синдикатот Мирвари Гахраманли изјави дека во пожарот загинале 32 лица, додека 42 биле спасени. Тој подоцна за Асошиејтед прес истакнал дека 32-те лица не се загинати, туку исчезнати. Пожарот на платформата избил синоќа, а сѐ уште не е сосема изгаснат.

Без коментари

LEAVE A REPLY