Во пожар во бар во Франција загинаа 13 луѓе

0
279

Најмалку 13 лица загинаа, а шестмина други се повредени при пожар во бар во северниот француски град Руан, соопшти рано изутринава министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.

Како што јавија француските медиуми, пожарот во барот „Куба Либре“ во центарот на Руан избувнал околу полоноќ за време на роденденска забава на која присуствувале поголем број млади лица.

Според Казнев, причините за избувнувањето на пожарот се уште не се утврдени,

Властите не департманот Сен Маритим, во кој се наоѓа Руан, соопштија дека огнот започнал на таванот на барот. Според истиот извор, жртвите се задушиле од чадот од пожарот.

Некои француски медиуми јавија дека пред пожарот во барот се слушнала експлозија, но полицијата во Руан ги демантираше таквите информации, наведувајќи дека пожарот најверојатно бил предивикан од свеќите кои биле користени на роденденската забава.