Во пожар во болница во Саудиска Арабија 25 лица загинаа

0
333

25 лица загинаа а 107 се повредени во пожар што избувна во болница во Саудиска Арабија. Пожарот во градската болница во Џазан, избувнал на првиот кат, каде се породилното и одделението за интензивна нега. Засега не се познати причините за пожарот.